Поранешниот тернер на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, францускиот стратег Арсен Венгер верува „топчиите“ можат да ја освојат титулата во Премиер лигата под водство на тренерот Микел Артета. Тренерот кој на клупата кај Арсенал седеше 22 години, Венгер признава дека е изненаден од нивото на играта на тимот во последните сезони.
Арсенал ја започна новата сезона во лигата со освојување на девет од 12 можни бода и е рангиран на четвртото место – само три бода помалку од Евертон.
Составот на Артета во сабота ќе се соочи со Манчестер Сити и Венгер верува дека шпанскиот тренер има доволно квалитет во својот тим за да го заврши 16-годишното чекање за титулата.
-Искрено верувам во тоа, затоа што се чини дека тој многу добро се снајде во тимот. Играчите многу добро го разбираат тоа.Купивме добри играчи, потрошивме многу пари во последните две сезони. Одеднаш откривме многу приходи, тоа беше прилично изненадување.Мислам дека има квалитетни играчи и доволно (да ја освои титулата). Можеме да го освоиме, зошто да не?- вели Венгер.