Веројатно уморна од тоа да нејзиниот вереник постојано ја одложува венчавката, девојка во венчаница, со свештеник и кума, буквално дојде да го земе своето момче на неговото работно место, подготвена да се омажи таму, на самото место.
Видеото е снимено во Таргет во Лас Вегас, а на него може да се види како младата со венчаница и маска му упаѓа на својот вереник, а по неа кумата и свештеникот спремни да го благословат бракот.
Младоженецот, од друга страна, во работна униформа, додека вереницата му вели:
– Ме запроси пред две години и сега е време да го направиме тоа или да раскинеме. Да се земеме или јас заминувам.
Потоа се сврте и ја виде камерата.
– Здраво луѓе, јас само го принудувам конечно да се смири, рече таа.
Сè што младоженецот успеа да каже е една реченица.
– Не можеше ли некој да ме извести за ова?
Парот и нивната придружба потоа ја напуштија продавницата, а снимателот не беше во можност да открие дали тие навистина се венчале или не, што може да се направи веднаш според законот во Лас Вегас.