Во последното деноноќие 23 лица ја загубија битката со коронавирусот во Бугарија. Вкупниот број на смртни случаи во Бугарија сега изнесува 915.
Бројот на евидентирани новозаразени лица во изминатите 24 часа е 587 од направени 4.320 тестови. Во болниците има 1.221 заразено лице, а 65 од нив се во тешка состојба и се сместени
на одделенијата за интензивна нега.
Вкупниот број на активни случаи е 8.099.