Вработен во МВР издал возачки за три лица кои немале положено испит

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.Ј., помлад референт за управни работи – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од март до мај 2020 година, пријавениот во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.

Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и  суспензија од работното место.

 

Треба да знаете
Последни објави