Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за кривата на заразени од КОВИД-19 и рече дека кривите во другите држави одеа кон нула, а во Република Македонија или стагнираше или одеше нагоре и тоа е проблемот што некој не спроведува вистински мерки. Тој посочи дека денот кога имавме 40-50 заболени надлежните велеа ја победивме короната.
-Тоа е неспособноста на политичката Комисија за заразни болести да воведат карантин, вонредна состојба и да прават што сакаат. Не зависи од мене дали ќе има вонредна состојба брутално злоупотребени. Зошто се толерираат некои градови. Еве тука е и Струмица, зошто се толерираат затоа што се поврзани со семејството на Заев. Кога несвесно направив грешка се истоварија специјалците. Кај се сега да направат контроли. Кај се специјалните одреди кои дојдоа во Дебар мало за мојата несвесна грешка да го затворат клубовите блиски до фамилијата на Заев кои непречено работат и шират корона, рече Мицкоски.