Ристовски од Лисабон се сели во Москва

Македонскиот фудбалски препрезентативец Стефан Ристовски не е во првите редови кај неговиот тренер во португалскиот Спортинг, Рубен Аморим. Ристовски не ја добива потребната минутажа и  поради тоа се најавува негова  преселба од Лисабон.

Преодниот рок во Европа е завршен, но за макеоднскиот репрезентативец останува опцијата преселба во Русија од каде според португалските медиуми инерес за негов ангажман покажале екипите од Москва,  Динамо и Спартак.

Според португалските медиуми Ристовски е поблиску до преселба во редовите на Динамо Москва, затоа што овој клуб е пред постигнување на договор со сегашната екипа на македонскиот интернационалец, Спортинг. Преодниот рок за фудбалерите во Русија трае до 17. октомври па затоа ваквата најава за тренасефер се очкува да биде реализирана по брза постапка во наредниве денови.

Треба да знаете
Последни објави