Хрватската полиција денеска го уапсила таткото на 22-годишното момче Даниел Безук кој во понеделникот на „Марковиот плоштад“ пукаше во зградата на Владата и притоа рани еден полицаец, а потоа се самоуби. Таткото на Даниел се товари за поседување на илегално оружје.
По претресот направен во неговиот дом и другите простории, на три локации во областа Кутина, полициските службеници пронашле две пушки со оптички визири, пригушивачи и 1.169 парчиња различни куршуми, соопши хрватската полиција.
Неофицијално, објектите во кои е направен претрес, ги користел таткото на 22-годишниот напаѓач, а во ни се пронајдени осум парчина оруже.



