Јужнокорејските производители на автомобили се најсигурен избор кога се во прашање дефектите, покажува последната студија објавена од страна на carVertical, пренесе „24Ауто.мк“.
Само 23,47% од анализираните возила од брендот на Kia пријавиле дефект што го прави овој производител прв на листата според бројот на дефекти, односно најмалку пријавени. Малку повеќе или 26,36% имаат пријавено сопствениците на Hyundai. Како најчест проблем сопствениците на Kia ги наведуваат дефектите на електричниот систем на управувачот додека оние на Hyundai корозија на задниот дел.
На третата позиција со 27,7% се наоѓа Volkswagen, а најдобрата петорка ја сочинуваат уште и Nissan со 27,79% и Mazda со 29,89%.
Најдобро рангиран американски производител е Ford со 32,18% на седмата позиција, веднаш зад Audi со 30,08%, а пред Mercedes-Benz со 32,36%. Изненадувачки, Toyota е на деветата позиција со 33,79% додека BMW е на десетата позиција со 33,87%.
Се разбира не секогаш ваквите студии се покажуваат з анајточни, бидејќи може да има одредени варирања, но се точен показател за вкупниот квалитет на возилата што ги нуди одреден бренд. Затоа со сигурност може да се тврди дека моделите на Kia и na Hyundai се меѓу најквалитетните на пазарот.