Големото ривалство меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и шпанскиот Рафаел Надал е тема во светските медиуми не само поради играта на теренот, туку и по начинот на кој првиот светски рекет го искоментира.Во финалето на Ролан Гарос, „кралот на земјената подлога“ Надал победи и ја освои 13. титула во Париз , а намали на 29-27 во меѓусебните пресметки со Ѓоковиќ.
По мечот Ѓоковиќ зборуваше дека големиот шампион од Мајорка е неговиот најголем ривал во кариерата и дека нивното ривалство е најголемо во историјата на тенискиот спорт. Поради овој коментар Ѓоковиќ повторно се најде на тапет со лавина критики на социјалните мрежи. Првата реакција пристигна од легендарната тенисерка Крис Еверт. Таа го потсети Србинот дека нејзиното ривалство со Мартина Навратилова е далеку поголемо, со оглед на тоа што тие одиграа дури 80 меча.
Овој „твит“ на американската тенисерка предизвика реакции и од тениската јавност. Фановите го обвинија Ѓоковиќ за сексизам и му порачаа во иднина да не заборава на жените, кога зборува за историјата на тенисот.
Осудите за сексизам на сметка на српскиот тренер започнаа пред четири години кога тој рече дека тенисерите треба да заработуваат повеќе пари отколку тенисерките.