Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека вакцината против коронавирус нема да биде задолжителна. Како што јавија германските медиуми, најмалку 55-65 отсто од Германците треба да бидат вакцинирани. Шпан рече дека Германија порачала уште шест милиони дози вакцина против грип за да спречи недостиг.
– Вкупно Германија има порачано 26 милиони дози, рече Шпан, додавајќи дека може да има привремено одложување на набавката на вакцината, „но нема недостиг”.
Во меѓувреме, Германија регистрираше повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус, првпат од април.
Во последните 24 часа потврдени се 5.132 заразени и 43 починати.