Поп-кралицата Мадона на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира во поинакво издание, со очила и розова коса, но она што нејзините обожаватели најпрво го забележаа е обликот на нејзиното лице.
Иако нејзината намера била да ги охрабри Американците да излезат на гласање, коментаторите најмногу пишуваа за нејзиниот изглед и се прашуваа дали станува збор за филтри или за многу лош ботокс.
„Ова не е мојата кралица. Изгледаш како вонземјанин од филмовите. Пластичниот хирург лошо ја завршил својата работа. Дали е ова реално?” напиша еден коментатор.
„Што се случи со твоето лице? Страшно“, се согласи друг.
„Престани со пластични операции, претера“, и рече трет.
Некои фанови застанаа во нејзина одбрана и напишаа дека таа воопшто не изгледа лошо.
„Мадона изгледа одлично во секое издание“, прокоментира некој.
„Оваа боја на коса одлично ти прилега“, ја пофали коментаторот.
Мадона го прослави својот 62. роденден во август, но не се откажува од објавување на провокативни фотографии, и се обидува да го задржи младешкиот изглед со естетски зафати.