Речиси секој петти жител на Брисел кој бил тестиран има позитивен резултат на Ковид-19, велат во Националниот кризен центар.
Позитивната стапка на тестирање во Брисел е 19,3 отсто, во споредба со 11,7 отсто, што е национален просек за Белгија.
Во последната недела, Брисел бележи просечно 881 нов случај на инфекција со Ковид-19 дневно.
Здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени лица во Брисел може да биде поголем од добиениот просек, бидејќи градот нема доволно капацитети за тестирање.