Сакам да ви споделам успешна приказна на странска инвестиција во земјава која ги шири своите капацитети и дополнително вложува во развој на нови ИТ кадри.
Денеска се сретнав со претставници на компанијата „Scalefocus“ со кој зборувавме за нивната академија, која ќе дава исклучителна можност на млади луѓе да се стекнат со вештини кои го следат новото време на иновација и дигитализација.
„Scalefocus“ на крајот на 2019 година ја најави инвестицијата во Република Северна Македонија за која ќе биде поддржана од Владата за финансиска поддршка во следните 5 години.
Оваа приказна ме храбри и ваквите приказни ќе ви ги пренесувам за да инспирираат и да потврдуваат дека со партнерски однос помеѓу државата и стопанството може да постигнуваме успеси, кои носат подобар живот за сите граѓани.
https://www.facebook.com/FatmirBytyqiOfficial/posts/134197121756891