Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 12-та седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, информираат од прес службата на владата.
На дневен ред на оваа седница како што соопштија од Владата, се повеќе теми од економските мерки за справување со последиците од КОВИД-19 и од образованието.
За одлуките од седницата, која ќе започне во 20:00 часот, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.