Во изминатите 24 часа досега во Хрватска е забележан апсолутно рекорден број на новозаболени од коронавирус – 748, а починаа четири лица.
Првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цепак, изјави дека во изминатите 24 часа во Хрватска биле регистрирани уште 748 случаи на Ковид-19.
Пред објавувањето на официјалните резултати, тој рече дека очекува голем број новозаразени, додека хрватските медиуми дојдоа до неофицијална информација дека тој број ќе надмине 700, што се покажа како точно.
Во Хрватска, во моментов има 3.210 активни случаи, од кои во болница се 441 пациент.