Вардар утревечер во СЦ „Јане Сандански“ по подолга пауза ќе игра офицјален натпреавр и тоа со бундеслигашот Фленсбург во рамките од 4. коло во А групата од Лигата на шампионите. Вардарци еден месец без натпреварувачки ритам откако по дуелот со Мешков Брест на 16 септември не одиграа ниту еден меч. Одложени беа дуелите со Елверум и Пик Сегед поради пандемијата со коронавирусот.
Фленсбург пред дуелот со Вардар во Скопје е лидер во групата А со максимални шест бода после три одиграни средби.
-После подолго време ќе играме официјален натпревар. Ни доаѓа Флензбург, добро познат противник кој е во добра форма. Сите знаат како играат оваа сезона, имаат многу мечеви, се наоѓаат во добра серија, имаат натпреаврувачки ритам. Нам ќе ни биде малку потешко од таа гледна точка бидејќи долго паузиравме. Нас ни останува за сето она што се подготвуваме, да го покажеме на теренот, вели Гоце Герогиевски, крилото на македонскиот првак.