Енрике застана во одбрана на Де Хеа по поразот од Украина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике побара да не се обвинува голманот Давид де Хеа за синоќешниот пораз од Украина во Лигата на нации.

Украинците победија со 1:0 со гол постигнат на петнаесетина минути пред крајот, откако Де Хеа непотребно го напушти голот и беше излезен дури и од својот шеснаесетник.

– Секогаш може да се направи повеќе, но да се обвинува Де Хеа е веќе лоша навика. Ако Давид е обвинет за вакви натпревари, тогаш ова е премногу, истакна Енрике.

Шпанија е прва во групата со седум бода, Украина и Германија имаат по шест, Швајцарија по четири кола собра два бода.

Треба да знаете
Последни објави