Женбеков именуваше премиер кој бара негова оставка

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков го именуваше денеска за нов премиер Садир Жапаров, политичар кој бара негова оставка, во обид да стави крај на политичката криза која ја зафати земјата откако спорните парламентарни избори поттикнаа масовни протести.

Женбеков го потпиша указот за именување на Жапаров за нов премиер, само еден ден откако одби тоа да го направи поради загриженост дека Парламентот нелегално го предложил за таа функција.

Жапаров, поранешен пратеник кој е ослободен од затвор во текот на минатонеделните протести, претходно им соопштил на своите приврзаници дека шефот на државата е подготвен да поднесе оставка.

Локалните медиуми пренесуваат дека на денешната прес-конференција Жапаров изјавил дека и понатаму ќе се залага за оставка на Женбеков, која била „барање на народот”.

Женбеков досега не го коментирал барањето за негова оставка. 

Треба да знаете
Последни објави