Основачот на Фејсбук Марк Закерберг објави дека ќе донира уште 100 милиони долари за локалните изборни администрации во САД.
Ова е дополнување на 300 милиони долари кои минатиот месец ги ветија Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, за одржување на изборите на 3 ноември.
Средствата ќе бидат искористени за купување машини за гласање, маски и друга заштитна опрема за вработените во избирачките места.
Закерберг негираше дека има политички мотив за своите донации. Тој во објава на социјалната мрежа нагласи дека неговата одлука е диктирана од ситуацијата со коронавирусот и недоволното јавно финансирање за организација на изборите.