Канjе Вест се фокусира на религијата во видео од изборната кампања

Раперот Канје Вест во понеделникот го објави првиот официјален видеспот во рамки на предизборната кампања за претседател на САД, фокусирајќи се на религијата и семејствата.

Вест (43), кој својата кампања за Белата куќа ја започна со конфузни изјави на неговите профили на социјалните мрежи во јули, се наоѓа на официјалното гласачко ливче во неколку држави во САД, но, според американските медиуми, нема математички шанси за победа.

Во видеото, музичарот и моден дизајнер ги замоли приврзаниците да гласаат за него како кандидат.

„Со свртување кон верата, ние ќе бидеме таква нација и такви луѓе какви што Бог сака да бидеме“, вели Вест во видеото, на кое се гледаат семејства на молитва и снимки во природа.

Треба да знаете
Последни објави