Нејмар постигна три гола во победата на фудблската репрезентација на Бразил на гостувањето кај Перу (4-2) во квалификацискиот натпреавр за СП и се проби до второто место на вечната листа на стрелци во селекцијата на „кариоките“, прескокнувајќи го Луис Назарио де Лима Роналдо.
Бразил два пати бркаше негатива против Перу и на крајот направи резултатски пресврт за да ги освои трите бода. Нејмар два од трите погодоци ги постигна од пенал, а еден гол за Бразилците постигна и Ришарлисон.
Нејмар со сегашните 64 голови ќе го напаѓа и лидерот на листата најдобри стрелци легендарниот Пеле кој има постигнато 77 погодоци во дресот на државната репрезентација.