Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија и САД ја сфаќаат неопходноста од проширување на програмата за намалување на оружјето (СТАРТ), но оти и понатаму не постои цврст договор за ова прашање помеѓу двете сили.
– Постојат контакти за ова прашање на експертско ниво, па и на највисоко ниво.меѓутоа, се уште не сме постигнале договор. Се уште нема ништо опипливо, истакна Песков коментитајќи ја американската иницијатива за проширување на СТАРТ.
Тој додаде дека Русија е свесна оти мора да биде проширен СТАРТ.
– Во взаемен интерес е, а се однесува и на безбедноста на целиот свет. Но, договор не е постигнат, истакна Песков.