Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје извршија реконструкција на атмосферска мрежа со профил ф200 во должина од околу 70 метри на бул. 8 Септември.
Со овој зафат се делуваше на подобрување на функционалноста на атмсферската мрежа и се овозможи нејзино непречено функционирање.
Потребата за изведба на реконструкцијата на атмосферската мрежа се јави по запушување на истата како резултат од испреплетување на корења. Во текот на активностите се поправени 7 сливници и старите салонитни цевки се заменети со нови пластични.