Две лица се тешко повреди по сообраќајната несреќа која попладнево се случи во близина на раскрсницата помеѓу улиците Рузвелтова и Орце Николов, потврдија од МВР.
– Во 16:38 пријавена е сообраќајка меѓу автомобил Цитроен и Опел. До сега две лица се пренесени во ургентен, велат од полицијата.
Според сведоштва на очевидци, на возачот на цитроенот” му се слошило, а според други бил пијан па удрил во “опелот” и обидувајки се да побегне се качил на тротоар ги искорнал заштитните столбчиња и завршил во дрво.