Мешаница настанала на теренот веднаш по завршувањето на фудбалскиот квалификациски натпреавр за СП помеѓу Боливија и Аргентина (1:2). Се почнало со вербална расправија меѓу Лионел Меси од Аргентина и еден од членовите на стручниот штаб на Боливија, Лукас Нава, па можело да заврши и со физичка пресметка.
Меси му забележал на Нава што тој во текот на целиот меч приговарал од клупата, по што Боливиецот тргнал физички да се пресмета со него. Голем инцидент спречиле фудбалерите на двете репрезентации.
„Е.и се. Што тие ќелава пи..о“, му рекол Меси на Нава.