Корнавирусот го елиминира Седлоски од клупата кај Динамо Загреб

Поранешниот играч и капитен на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, првиот македонски репрезентативец кој стигна до „клубот 100“  Гоце Седлоски го заврши својот ангажман  како тренер на вториот тим од Максимир. Седлоски си заминува од тренеркста клупа кај „модрите“ откако беше обелоденето дека е позитивен на коронавирусот.

Седлоски пристигна во Загреб на почетокот од корона-кризата. Битката со пандемијата и здравствено-безбедносните протоколи беа причина популарниот Седло дури четири пати во овој период да се повлече во самоизолација. Откако била обелоденета информацијата дека македонскиот стратег на крајот е позитивен на коронавирусот раководството на Динамо Загреб, одлучило да ја прекинат соработката.

-Во текот на тренерскиот ангажман Седлоски четири пати замина во самоизолација, а пред два дена доби и позитивен тест на Covid-19, што го спречува да го презентира своето тренерско знаење на младите фудбалери, објави Динамо, потврдувајќи ја веста за разделбата со Македонецот.

Треба да знаете
Последни објави