Вечерашниот дуел во Скопје (20.45 ч.) фудбалските репрезентации на Македонија и Грузија за разлика од пресметката од пред еден месец во Тбилиси (1.1) ќе го одиграат со нови сили. Селекторите, на македонскиот државен тим Игор Ангеловски – Мрме и на грузискиот Владимир Вајс нема да можата да сметаат на услугите на половина од играчите кои им беа во преден план поради повреди, картони, коронавирус…
На овој натпревар во Скопје од четвртото коло во 2. група од Ц-сегментот на фудбалската Лига на нации, од оправдани причини нема да бидат отворени целосно картите за ноемвриската финална пресметка во Тбилиси (12 ноември), од ланското издание на Лигата на нации која за двете селекции ќе има голем влог – историски пласман на завршницата од ЕП-2020.
Македонскиот селектор Ангеловски нема да ги има на располагање: Елиф Елмас, Енис Барди, Стефан Спировски, Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кристијан Тошевски и Ферхан Хасани, но тоа не ја намалува вербата и желбата дека противникот нема да биде испратен од Скопје поразен. Со освојување на трите бода од овој дуел македонската репрезентација ќе се осамосатали на лидерската позиција во групата.
И неговиот колега од спротивниот табот на Грузија, Владимир Вајс, пред мечот со Македонија нема да може да смета на седумина кандидати за составот на тимот. По синиќешниот тренинг последен отпадна поради повреда Торнике Окриашвили од кипарски Анортозис. Претходно на листата со играчи кои нема да конкурирата за сотавот на Грузија се најдоа: Чакветадзе, Хочолава, Кашија, Какабадзе, Абурјанија и Канкава.
Македонија и Грузија во септември во Тбилиси во рамките од групата го одиграа првиот меч кој заврши без победник (1:1).
Лига на нации
Лига „Ц“, 4. коло – двојки
Денеска 20.45 часот Македонија-Грузија
Денеска 20.45 часот Естонија-Ерменија
Табела: Македонија 5 бода, Грузија 5, Ерменија 4, Естонија 1.