Патник во приватен автобус бил повреден откако паднал при сопирање на возилото, инфомрише МВР.
Инцидентот се случил вчера околу 16.30 часот на булевар Јане Сандански во автобус „мерцедес“ управуван од Б.М.(59) од Скопје. При сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.