Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган денеска повикаа на „солидарни напори” за завршување на конфликтот во регионот Нагорно-Карабах, соопшти Кремљ.
Путин и Ердоган во денешниопт телефонски разговор се согласиле дека е потребно „да се направат итни солидарни напори што побрзо да заврши крвопролевањето, како и да се премине кон мирно решение на конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија”.
Кремљ соопшти дека ова е првиот разговор меѓу претседателот од почетокот на конфликтот во Нагорно-Карабах.
Турското претседателство, од своја страна, соопшти дека Ердоган на својот руски колега му кажал дека Турција се залага за трајно решение во Нагорно-Карабах и дека ја обвинил Ерменија за „трајна окупација на оваа област”.
Нагорно-Карабах е ерменска енклава во Азербејџан, населена со Ерменци, а од војната во првата половина на 90-тите години, владата во Баку нема контрола врз неа.
Од почетокот на конфликтот, на 27 септември, околу 600 лица, војници и цивили, се убиени борбите меѓу азербејџанските и ерменските сили во нагорно-Карабах.