Ромни со критики до републиканците и до демократите

Републиканскиот сенатор Мит Ромни, поранешен кандидат за американски претседател, го обвини Доналд Трамп дека придонесува за предизборна кампања да биде „натопена со омраза”.

Ромни истакна дека е вознемирен од насоката во која се движи американската политичка дебата.

– Потона во ужасна кал полна омраза, што е непогодна за слободна земја, а уште повеќе за колевката на модрната демокрартија, посочи Ромни, додавајќи дека за таквата состојба се виновни и републиканците и демократите.

Тој истакна дека претседателот Трамп неколку пати ја нарекол демократската кандидтка за потпретседателка Камала Харис „чудовиште”, додека претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси „будалеста”, побара да биде затворен поранешниот американски претседтел Барак Обама и ја нападна гувернерката на Мичиген истиот ден кога се откри дека беше планирано нејзино киднапирање.

Но, Ромни ги нападна и демократите, дури и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, кој „одбива да се спушти на нивото на другите”. Тој ја искритикува и Пелоси поради што таа во директен телевизиски пренос го искина говорот на Трамп за состојбата на нацијата.

Ромни истакна дека взаемните напади помеѓу десницата и левицата дополнително ги поддржуваат теориите на заговор.

– Светот ја гледа Америка со ужас и доза на презир. Голем број Американци се плашат за сопствената земја, која е така поделена, така бесна, така зла, така насилна. Време е вшештените глави малку да оладат. Лидерите мора да го намалат тонот (на расправата), посочи Ромни.

Треба да знаете
Последни објави