(Видео) Играта со рака на Димитриевски и пеналот на Алиоски

Македонската фудбалска репрезентација не ја искористи предноста на домашниот терен во 4. коло од групта во Лигата на нации против Грузија (1:1) со која за еден месец, на 12 ноември ја очекува историски меч од ланското издание на истото натпреаврување за пласман на ЕП.

Головите паднаа во вторто полувреме. Најпрво голманот Столе Димитриевски, кој го напушти шеснаесетникот играше со рака и заработи директен црвен картон, по што набргу Грузија ја искористи бројчаната предност и поведе.

Македонија сепак и со играч помалку успеа да се спаси од пораз и тоа во судиското продолжение. Ѓоко Зајков беше фаулиран, а Езџај Алиоски сигурен реализатор на пеналот.

На табелата Македонија и Грузија останаа ко-лидери со по шест бодови, Ерменија 5 и Естоија 2.

https://streamable.com/94nq91

Треба да знаете
Последни објави