Пратениците од бугарската Комисија за образование и наука денеска ќе одражат јавна расправа за предлогот за преименување на 24 мај од Ден на словенската писменост во Ден на бугарската писменост.
Амандманот во Законот за работни односи е поднесен од група пратеници и веќе беше одобрен на првото гласање.
На дискусијата ќе учествуваат бугарските министри за образование и наука, како и за култура, претставници на академската јавност, на културни институции и Бугарската академија на науки, социјални парнери и невладини организации, пренесува БГНЕС.
По предлог на „Обединети патриоти” и со поддршка на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), чиј претседател е премиерот Бојко Борисов, на почетокот на месецот предлогот беше усвоен на прво читање во Парламентот. Со предлогот, празникот се именува како „Ден на бугарската писменост, образование и култура”, а отпаѓа придавката словенска.