Во „Клик Плус“ вечерва на ТВ21, Љупчо Николовски го искажа своето мислење околу последните случувања со Националната агенција, и директорката Лидија Димова околу европските пари.
„Станува збор за европски пари, и ние сме во процес на почеток на преговори со ЕУ, ги отвораме поглавјата, и не чекаат огромни предизвици. И без оглед за чии пари станува збор, законот мора да важи за сите. Нема недопирливи, и не треба да има. Димова е на став дека не треба да поднесе оставка, и тоа прв пат ќе го кажам дека јас имам друго мислење“, рече Николовски.