Лидерите на Европска Унија на Самитот во Брисел констатираа дека се уште не е постигнат доволен напредок за постигнување на договор со Велика Британија и ја повика ЕУ да се подготви за „сите сценарија”.
– Транзицискиот период завршува на 31 декември 2020 година. Со загриженост констатираме дека напредокот за клучните прашања за ЕУ се уште не е доволен за да би се постигнал договор, се наведува во заклучоците на Европскиот совет.
Европскиот совет ги повика земјите-членки на ЕУ, институциите на Унијата и сите заинтересирани страни да ја забразат работтата и да се подготват на сите нивоа и за сите можни исходи од преговорите со Велика Британија, вклучително и сценариото – да нема договор. Упатено е и барање Еврпоска комисија да подготви мерки што би биле во „интерес на ЕУ”.