Во 2021 година ќе се насочиме да ги јакнеме капацитетите на сите институции, да вложуваме каде е потребно, но да кратиме каде не е потребно, да кратиме непродуктивни трошоци, најави вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за „Клик плус“ на ТВ21. Ние се залагаме вистински луѓе да дојдат на вистински места, но многу работи се изместени, и не може да сме одговорни за она што го наследивме, истакна Николовски. Ние работиме на демократски развој, додека опозицијата е узурпирана и командувана од Будимпешта, рече Николовски, додавајќи дека и во опозицијата има капацитетни кадри и ги повика сите заедно да работиме. Во врска со прашањето и наводите дека администрацијата е партизирана од секоја партија која доаѓа на власт, Николовски најави дека се подготвува закон за висока раководна служба, кој ги дава контруите на професионализацијата на администрација. Ние на последната седница на владата отвориме сериозни проблеми, што ги имаме како со Македонска пошта, но отовораме дебати за многу други прашања, за марихуаната, за земјоделското земјиште, за регистрација на коли со други таблички, рече Николовски. Да ги решиме сите отворени прашања и да тргнеме силно напред, порача вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за ТВ21.