Полска мора да очекува значително зголемување на инфекциите со новиот коронавирус, изјави денеска Михал Дворчик, шеф на Кабинетот на премиерот.
– Се уште сме во периодот кога треба да очекуваме дека бројот на инфекции ќе порасне некое време и дека ова зголемување ќе биде значително, изјави Дворчик за приватниот радиодифузер ТВН 24.
Тој додаде дека денескс ќе има повеќе случаи отколку вчера, кога земјата достигна дневен рекорд од 6.526 заразени лица со Ковид-19.