Коронавирусот нема да дозволи да продолжи ракоментната сезона во Македонија, каде пристигнуваат информации за новоинфицирани играчи од екипите. Два клуба од елитното домашно лигашко натпреварување потврдија дека имаат инфицирани играчи во своите редови.
Вториот тим на битолски Еурофарм Пелистер соопшти дека има двајца играчи, а сега се огласи и Тинекс Пролет да соопшти дека дури осум членови на клубот се заразени со коронавирусот.
По добиениот прв позитивниот тест на голманот Петар Ангелов кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми било извршено тестирање на сите ракометари, членови на клубот Тинекс Пролет, а резултатите покажале дека нивната бројка е поголема.
Сите играчи ќе останат во изолација и на истите од таборот на Тинекс Пролет им порачаа брзо оздравување и враќање на ракометните терени.