Вардар без подршка од навивачите ќе му излезе на мегдан на Фленсбург

Македонскиот и сеуште европски машки ракометен првак Вардар вечерва (20.45 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ без поддршка од гледалиштето ќе излезе на мегдан со германскиот Фленсбург во натпреаврот од 4. коло во групата А од Лига на шампиони. „Црвено-црните“  од стартот на сезоната одиграа само еден меч и тоа во првото коло пред еден месец кога на гостувањето кај белорускиот Мешков Брест беа поразени (24:22), а следните два меча со ПИК Сегед и Елверум им беа одложени поради пандемијата со коронавирусот.

Вардар еден месец беше без натпреаври, одигра две контролни средби со Металург и Бутел, но екипата не е во натпреварувачки ритам. Тоа им е најголемиот проблем во пресрет на вечерашниот дуел посочија тренерот Стевче Алушевски и крилото Гоце Георгиевски.

Наспротив нив Фленсбург игра во ритам и има добри резултати. Во Лигата на шампионите е со максимални три победи. Германците во Скопје се дојдоа полни со самодоверба. Вардар не се предава и очекува да ја продолжи традиција на добри игри и резултати со вечерашниот ривал. Вардар во досегашните четири пресметки трипати победил.

Ваквата ситуација во таборот кај „црвено-црните“ не ги опушта гостите пред дуелот во Скопје. Голманот на Вленсбург, Робјерн Бергеруд смета дека голема работа ќе им заврши тоа што мечот ќе се игра без гледачи на трибините.

-Домашниот теренот на Вардар важи за „жежок лонец“ во ракометниот свет. Тоа што нема да има публика поради коронавирусот е мала предност за нас, изјави Норвешкиот интернационалец за германските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави