Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска оствари работна средба со м-р Зоран Димитровски, заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа.
На состанокот градоначалникот Темелковски, заменик министерот Димитровски го запозна со функционирањето на Општина Кисела Вода, детално го информираше за реализираните проекти, а му ги презентираше и проектите, кои во следниот период Општината планира да ги реализира. Градоначалникот и заменик министерот дискутираа и за новиот Закон за локална самоуправа, и за тоа како уште повеќе да го подбрат квалитетот на животот на граѓаните.
На крајот, Темелковски и Димитровски ја нагласија и потребата за продолжување на успешната соработка на Општината со централната власт и со Министерството за локална самоуправа, соработка преку која досега направени се видливи промени кои донесоа подобар живот и во руралните и во урбаните населени места.
На заменик министерот, м-р Зоран Димитровски, градоначалникот Филип Темелковски му се заблагодари за нагласената поддршка и за дадените предлози, кои значат многу за функционирањето на Општината.