Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов
СДСМ доживеа целосно фијаско на економско поле. 40.000 невработени, 1 милијарда нов долг за пола година, фирми на раб на преживување. СДСМ нема план за спас на економијата, туку план за пропаст. Зоран Заев кажа дека неговиот план е да ги остави компаниите да пропаднат.
После таа изјава на Заев фирмите не може да очекуваат дека тој планира да им помогне, тој планира да ги пропадне. Во првите три пакети парите наместо кај граѓаните завршија кај фирмите на Зоран Заев и Нина Ангеловска.
Дополнително парите кои Заев вети дека ќе ги исплати на име на првите три мерки не ги исплати, односно од ветените пола милијарда евра помош, исплати само 50%. Затоа и сега има четврт пакет, затоа што првите три не се реализирани. Зоран Заев и СДСМ немаат концепт. Со Заев и СДСМ Македонија пропаѓа.