Академик Владо Камбовски, во интервју за Слободен печат, коментирајќи ја работата на македонско-бугарската комисија за утврдување на можноста за заедничко одбележување на настани и личности од историјатасмета дека е направена голема грешка што во преден план се пуштени историски теми кои биле дискутабилни и ќе останат како такви уште долго време.
Тој смета дека е беспредметно за идентитетот да се преговара. Во однос на толкувањето на историјата Камбовски вели дека „мора да дозволите можност дека постои „софиска школа“ и дека постои еднакво вредна „македонска школа“ на толкувања.
Оттаму Академик Камбовски вели дека би било невиден преседан доколку Унијата ги прифати барањата на Бугарија.
Целото интервју на Слободен печат