Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Хрватска на 27 октомври и ќе се состане со политичкиот врв на државата, изјави новиот руски амбасадор во Загреб, Андреј Нестеренко.
– Министерот Сергеј Лавров на 27 октомври ќе се сретне со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ, изјави Нестеренко за ХРТ, кој вќера му ги предаде акредитивните писма на претседателот Милановиќ.
Тој не исклучи дека посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Хрватска следната година ќе биде тема на тие средби.