Екипата на Ливерпул го престигна Манчестер Сити и сега е тим со најголема вредност во светот. Ова стана факт по привлекувањето на Тијаго Алкантара и Диого Жота на „Енфилд” летото.
Според извештајот на веб-страницата „Трансфермаркт”, тимот на Јирген Клоп во моментов чини 991,08 милиони фунти, што е скоро 20 милиони повеќе од Манчестер Сити.
По освојувањето на титулата во Англија минатата сезона, цените на играчите на „црвените” драматично скокнаа.
На третото место е екипата на Барселона, додека четврта е екипата на Баерн Минхен.
Еве ги првите 10:
1. Ливерпул (991,08 милиони фунти)
2. Манчестер Сити (971,64 милиони фунти)
3. Барселона (790,65 милиони фунти)
4. Баерн Минхен (782,06 милиони фунти)
5. Пари Сен Жермен (772,88 милиони фунти)
6. Реал Мадрид (769,5 милиони фунти)
7. Челси (760,41 милиони фунти)
8. Манчестер Јунајтед (719,87 милиони фунти)
9. Атлетико Мадрид (661,95 милиони фунти)
10. Тотенхем (660,2 милиони фунти)