Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за вчерашната сообраќајка на улица „Франклин Рузвелт” во Скопје, во која почина 32-годишниот доктор Трајче Нешковски.
Сообраќајката се случила вчера попладне во 16:45 часот меѓу патничко возило „Цитроен”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. (32) од Гостивар и патничко возило „Опел”, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (34) од село Просениково, Струмичко.
Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде починал. Со телесни повреди се здобила и Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември”.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.