Под влијание на циклонска активност, доцна попладнево почнувајќи од западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја, јави УХМР.
На места врнежите ќе бидат поројни со поголем интензитет за кратко време и проследени со грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните делови (над 30 л/м2).
Врнежите ќе продолжат и утре, особено во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Овие два дена ќе дува умерен до засилен јужен ветер.