„Нема недопирливи, и не треба да има“, рече Љупчо Николовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој ова го кажа, коментирајќи за Лидија Димова, директорката на Националната агенција. Тој ексклузивно вечерва кажа дека ќе бара оставка од Димова, а ако тоа не се случи, тогаш ќе биде разрешена.
„Не сакаме да оставиме никаков сомнеж. Затоа јас ќе побараме од Димова да поднесе оставка. Ако тоа не го стори, тогаш ќе ја разрешиме“, рече Николовски кој тоа го најави за вторник.
Од Димова претходно побара оставка и ВМРО-ДПМНЕ. Таа на прес-конференција во вторникот објаснуваше за скандалите со европските пари.