Четиринаесет ученици на ПСУ „Јахја Кемал” ја претставуваа Република Северна Македонија на „Online International Math Challenge (IMC)”.
Учениците од ПСУ „Јахја Кемал” овој онлајн наптревар го завршија со неколку медали: два златни, четири сребрени, два бронзени и три пофалници. На овој онлајн натпревар учествуваа 1600 ученици од 70 земји.
Од ПСУ „Јахја Кемал” информираат дека IMC 2020 беше планирано да се одржи во Тајланд, но се одржа како чисто виртуелен настан на 8-9 октомври 2020 година поради пандемијата КОВИД-19.
„Online International Math Challenge (IMC)” е онлајн натпревар под покривот на организацијата Меѓународен предизвик по математика. IMC имаше за цел да ги охрабри учениците да учат и да напредуваат во математиката и критичкото размислување, а исто така да ги задржи и наставниците и учениците мотивирани во овие тешки времиња. Исто така, се очекуваше овој настан да ги мотивира учениците да ја видат математиката во поинакво светло, имаат интерес стимулирани во оваа тема, и размислуваат за тоа како тие можат да го применуваат математиката во нивните идни студии и секојдневниот живот.