Во Босна и Херцеговина денеска се бележат рекордни бројки заразени со Ковид-19. Во последните 24 часа новозаболени се 569, а починаа 12 пациенти, јави Кликс.ба.
Во федерацијата од 1.635 примероци, 386 биле позитивни. Починаа десет пациенти, со што бројот на мртви се зголеми на 619. Досега тестирани се вкупно 177.205 примероци, а корона вирусот е потврден кај 20.974 лица.
Во Република Српска тестирани се 650,а позитивни биле 181 лице. Починаа двајца.
Досега во РС потврдени се 10.912 случаи со корона вирус, а бројот на починети изнесува 332.
Во дистриктот Брчко двајца се новозаболени, а нема починати.