Тони Цетински на еден ден пред неговата годишнина со емотивен статус посветен на нашиот Тоше

Хрватскиот пејач Тони Цетински денеска на еден ден пред годишнината од смртта на нашиот легендарен пејач Тоше Проески се потсети на него со емотивен статус на социјалните мрежи.

Имено тој напиша дека поминале долги 13 години од неговата смрт.

-Утре некаде ова време не напушти физички, но само физички брат ми. Не можам да верувам колку многу ти недостасува денес и колку тешко е за нас што си замина премногу рано. Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам? На пат, се разбира и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж дека сите во денешната чудна и злобна ера е толку многу потребна. Ќе биде добро се додека те имаме тебе кои не чуваш со твоето присуство, песни и сите добрини кои ги остави на овој свет. Ти си ангел на добрината. Знам дека не чуваш онолку колку што треба и да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сакам брат, пишува во емотивниот статус Цетински.

https://www.facebook.com/tonycetinskiofficial/posts/4526977870707737

Треба да знаете
Последни објави