Со емотивна објава, Џон Траволта се сетил на својата покојна сопруга, актерката Кели Престон, која на 13. октомври ќе наполнеше 58. години.
Холивудскиот актер комбинирал фотографија од венчавката на неговите родители, и слика од нивната венчавка, што јавноста досега не ја видела, и напишал:
“Среќен роденден мила! Ја најдов оваа фотографија од венчавката на моите родители. Убаво е да се види нашата покрај нив. Те сакам. Џон”.
Кели Престон почина во јули откако две години се бореше со рак на дојка, во најголема тајност, а актерот нејзината смрт многу тешко ја поднесува.
https://www.instagram.com/p/CGSCZb2s6ym/
Преземено од Екран